| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА не го регистрирала поразот на Шпанија

Во последните неколку години се ретки ситуациите кога фудбалската репрезентација на Шпанија го напуштала теренот поразена, како што се случи на пријателскиот натпревар со Јужна Африка од кого загубија со 1-0, но на крај, сепак, овој резултат нема да биде службено регистриран.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) реши да не го регистрира овој натпревар поради тоа што репрезентацијата на Шпанија направила повеќе од дозволените шест замени. Грешката ја направила судиската екипа, која му дозволила на Винсент дел Боске да го внесе Пепе Реина на местото на Виктор Валдес иако во тој момент ги имал направено сите шест замени.

Против оваа одлука на ФИФА, жестоко протестираа од Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка бидејќи со тоа на нивната селекција ќе ѝ бидат одземени бодовите освоени со победата над светскиот и европски шампион, кои ќе им донесеа голем скок на наредната ранг-листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top