| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка ја тресе шаховска треска, Карлсен на чекор до титулата светски првак

Норвешка ја тресе вистинска шаховска грозница, а причина е мечот за титулата светски првак во Ченаи, Индија, каде што Магнус Карлсен има предност од 5-3 против Вишванатан Ананд.

Фрапантен е податокот дека од 5 милиони жители во Норвешка, дури 700 илјади гледачи секојдневно во живо го следат ТВ-преносот од дуелот за светската круна. Партиите траат по 4-5 часа, а медиумите информираат дека во Норвешка ситуацијата е на ниво на вонредна состојба.

Карлсен е вистински шаховски вундеркинд, тој е најмладиот велемајстор во историјата на древната игра, а сега има можност со само 22 години да стане светски првак. Денеска се игра деветтата партија од вкупно 12, а на Магнус му е потребен само 1,5 поен од преостанатите 4 партии за да му ја одземе круната на Ананд. Предност за актуелниот светски првак е што мечот за титулата се игра во неговата родна земја Индија, но Карлсен засега е подобар. Норвежанецот ги доби последните две партии, на блескав начин, а денешната, 9 рунда, веројатно, ќе биде клучна. Ананд ја има предноста со почетен потег, односно игра со бели фигури. За конечна победа на предизвикувачот му се потребни 6,5 поени од 12 партии.

Зоран Поповски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top