| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен атентат врз Ердоган

ердоганНеидентификувано машко лице, кое наводно носело експлозив, е спречено во обидот да влезе во зградата во која се наоѓа канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, пренесе „Макфакс“.

Турската полиција отворила оган врз лицето сомневајќи се дека станува збор за бомбаш- самоубиец, по што сомничениот бил ранет во стопалото и е префрлен во болница.

Сѐ уште нема детали, ниту официјално соопштение за инцидентот, а снимките на турските медиуми покажуваат дека обезбедувањето на зградата по пукотницата е зајакнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top