| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајк на загрепскиот аеродром „Плесо“, откажани 60 летови

zagreb-airportВработените на загрепскиот аеродром „Плесо“ почнаа со првата фаза од штрајкот во која ќе биде запрен целиот комерцијален сообраќај. Најавено е дека штрајкот ќе трае до утре, 22 ноември на полноќ.

Откажани се сите 60 летови. Сите патници од Загреб ќе можат да стигнат на своите дестинации од аеродромите во Сплит, Љубљана и Грац. Авиопревозниците организираа автобуси, со кои за време на штрајкот патниците ќе се пренесуваат од Загреб на алтернативните аеродроми.

Нов штрајк е најавен за вторник, на 26 ноември. Причина за штрајкот е неспроведување на одредбите од Законот за работа и Колективниот договор, со кои се утврдуваат обврските на работодавачите пред и по примопредавањето на претпријатието на концесионерот, францускиот ЗАИЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top