Поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“, Љуба Пантовиќ, стана баба откако нејзината 17-годишна ќерка Александра роди девојче.
Таткото на детето е Александар Чабаркапа, поранешно момче на Љуба.
– Љуба испрати кадифено мече и цвеќиња во болница, но не ја посети својата ќерка и бебето – раскажал нивен близок роднина за српски „Ало“.
Чабаркапа по врската со Љуба почнал да се забавува со нејзината ќерка, додека таа сѐ уште беше во „Фарма“. Пред да влези во реалното шоу, Љуба изјавила дека двете ќерки ги доверила на чување на нејзиното момче, без да претпостави што ја чека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


