Француските власти синоќа уапсија маж осомничен за нападите врз редакцијата на парискиот весник „Либерасион“, кога беше ранет фоторепортер како и врз зградата на банката „Сосиете Женерал“.
ДНК анализата потврдила дека уапсениот е човекот кој ги извршил двата напади.
Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс соопшти дека уапсениот е идентификуван како Абделхаким Дехар, кој и претходно бил осуден за вооружени напади.
– Сите факти ја докажуваат неговата инволвираност во нападите од пред неколку дена- изјави синоќа Валс.
Според него, Абделхаким Дехар најверојатно заминал во странство пред неколку години и не бил регистриран во полициските досиеа, што објаснува зошто тој не се наоѓал во Автоматската датотека за генетски податоци на Националната полиција.
Валс натаму додоаде дека сега е потребно да се преиспита минатото на ова лице за да се дознаат неговите мотиви за нападоте. Според министерот, уапсениот очигледно се обидел да се самоубие, непосредно пред да го пронајде полицијата.
Полицијата не можеле да го сослуша Декхар бидејќи бил во полусвесна состојба и веднаш бил пренесен во болница
Тој беше идентификуван благодарение на камерите за видео надзор пред „Либерасион“, телевизијата БФМ ТВ и „Сосиете Женерал“.
Напаѓачот беше вооружен со ловечка пушка со скратена цевка.
Абделхаким Дехар во 1998 година бил осуден на четири години затвор, но веднаш бил ослободен, бидејќи во казната му бил пресметан и притворот во кој бил до судењето. По ова му се губат сите траги се до петокот кога изврши неуспешен напад во БФМ ТВ.
Тој бил осуден поради вмешаноста во крватата афера „Реј- Мопан“, бидејќи ја купул ловечката пушка со која една млада двојка уби пет лица на 4 октомври 1994 во Париз. Дехар на судењето тврдеше дека е припадник на алжирската тајна служба и имал задача да се инфилтрира во редовите на екстремистичките групи, како таа на Реј-Мопан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


