| четврток, 6 декември 2018 |

Стојне Николова: Не сакам да пеам за кеш, мафијаши и за министри

stojne nikolova

Стојне Николова, која јавноста ја запозна преку песните „Река гази малој моме“ и „Од срце тебе подарена“ и покрај тоа што е искучително млада и нова на музичката сцена, важи за една од најтрационалните пејачки кај нас, а дека тоа е, навистина, така потврдува и самата, пишува „Вечер“.

– Едноставно, моето воспитување не ми дозволува да се соблечам и да се разголам. Не сакам на тој начин да ја градам кариерата. Свесна сум за моите вокални квалитети, па тоа ќе ми биде приоритет – вели фолкерката.

И покрај тоа што во последно време многу од нејзините колешки за кратко време се вивнаа во ѕвездите благодарение на рефрените во кои пеат за кеш, мафијаши, министри и швалери, Стојне не сака да тргне по нивниот пример и смета дека тоа што го прават не е достојно.

– Сакам да изградам сопствен стил по кој ќе ме препознаваат луѓето. Не сакам да ги копирам другите, а уште помалку да правам песни што не ми се допаѓаат, ниту, пак, ми прилегаат – појасни младата пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top