| четврток, 6 декември 2018 |

Стојне Николова промовираше три нови арт-видеа (видео)

Три видеозаписи за трите нумери: „Тебе ти припаѓам“, „На друг не давај ме“, „Мелем за душа“. Очигледно младата и атрактивна пејачка Стојне Николова и нејзиниот тим се потрудиле во изминатиов период. Станува збор за песни зад кои како автори се потпишуваат: Борче Димитров, Љупчо Павловски, Бобан Мојсовски, Љупче Василев и Орце Зафировски.
– Не станува збор за класични видеоспотови, туку за арт-видеа, тренд кој периодов е актуелен во регионов, па и светот. Сите видеа се снимени на сцената на универзална сала, но за секое видео беа употребени различни реквизити. Задоволна сум од целокупниот производ и сега не ни останува ништо друго, освен да ги чекаме реакциите на публиката,  вели младата пејачка Стојне.
Видеозаписите ги изработи „Арт продукција“ на чело со Дејан Ѓоргиев.
Инаку Стојне не застанува тука. Ја очекуваат многу настапи периодов, особено деновите пред и после Нова година, но се разбира, во блиска иднина ќе видиме и други нејзини авторски проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top