Споменик на прерано починатата македонска фолк легенда Гоце Арнаудов, ќе добие поставен на патронот на градот Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – 11 декември, јави Радио СтрумицаНет.
Идејното решение на споменикот е дело на познатиот ликовен уметник од Струмица, професорот Митко Тошев.
Висок е 2 метри, а ќе биде поставен во малиот Градски парк во Струмица, спроти неговиот дом каде живееше и ќе биде дел од новиот изглед на реконструираниот мал Градски парк во Струмица.
Гоце Арнаудов почина на 6 декември 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.