На овој ден 2011 година почина најголемата македонска фолк легенда Гоце Арнаудов.
Секогаш весел и насмеан, со неговите песни ја збогати македонската фолк сцена.
Роден во Струмица на 19 август 1954, Арнаудов зад себе остави над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Арнаудов со музика започнал да се занимава уште на десетгодишна возраст, а неговите песни и ден денес се хитови и се пеат и од младата популација.
Зад него остануваат голем број хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“ и многу други.
Вечна слава, легендо!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.