
Утре штрајк на загребскиот аеродром, во 10 часот комерцијалните летови ќе бидат прекинати, а исклучок ќе бидат вонредните случаеви.
Синдикатот им се извини на патниците кои ќе имаат проблеми поради штрајкот но побара од нив да им дадат поддршка на штрајкувачите.
Само една третина од летовите за четврток ќе се одвиваат нормално додека остатокот од летовите на разни авиокомпании ќе имаат измени или ќе бидат укинати за тој ден. Дел од летовите за патниците кои главно одат во Европа ќе бидат пренасочени со автобус кон аеродромот во Сплит. Штрајкот ќе трае до полноќ.
Списокот на летовите кои се планирани, изменети или откажани, се наоѓаат на интернет страната www.croatiaairlines.hr. Изменетиот ред на летање за петок е веќе објавен исто така на оваа страна.
Патниците кои карта купиле до денес ќе можат да побараат бесплатна замена за некој друг лет на Кроација Еарлајнс за истата линија во рок од 6 месеци или да побараат враќање на парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


