| четврток, 6 декември 2018 |

Џоан Колинс: Бившиот сакаше да ме продаде на шеик

Vanity Fair Oscar PartyПо пет брака ѕвездата на серијата „Династија“, осумдесетгодишната Џоан Колинс смета дека е компетентна да зборува за машко -женските. Таа не е сигурна, но се надева дека дека актуелниот сопруг Персино ќе и биде последен.

– Постојат правила за живот со мене, но сигурна сум дека постојат правила за живот со било кој. Ние двајцата на пример не користиме исто купатило. Ниедна двојка не треба да замислува дека ќе живее среќно до крајот на животот бидејќи секогаш ќе доаѓа до кавги, кои по правило се создваат поради глупави причини – пишува Џоан Колинс за успешниот брак со Перси Гибсон кој е 32 години помлад.

Таа советува дека многумина грешат кога ќе стапат во брак премлади или ќе го сторат тоа од погрешни причини. Признава дека со првиот сопруг Максвел Рид се омажила само затоа што кога била девојка и бил најомилен актер. Тој се обидел да ја продаде на еден арапски шеик.

Таа ги советува жените да бегаат од оженети мажи.

– Тие се толку слаткоречиви и полни со лажни ветувања. Ќе ве уверуваат дека ќе ги остават жената и децата но верувајте нема да го сторат тоа. Вие секогаш ќе им бидете на второ место – вели Џоан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top