| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко е на два фронта, МЗТ Скопје загуби од Рига во Еврокупот

Тешко се игра на два фронта во пеколен ритам и против екипи што имаат квалитетни состави, а тоа на своја коѓа го чуствува македонскиот првак МЗТ Скопје. Вечерва на домашен терен летонската екипа ВЕФ Рига беше подобра и победи со 77-70, со што го остави тимот од Аеродром на претпоследната позиција во Г групата со само една победа и пет порази.

Гостите ги добија првите три четвртини, сите тесно од еден до 4 поени разлика, но умешно ја чуваа предноста и заслужено славеа победа. Босанскиот интернационалец Кенан Бајрамовиќ одигра одлично и беше најефикасен кај Рига со 16 поени. Браун, Робинсон и Стрелникс постигнаа по 14 поени, а кошаркарите на Рига беа ладнокрвни во финишот и не дозволија пресврт.

Кај МЗТ Скопје се истакна Дамјан Стојановски со 22 поени, најмногу на натпреварот, а оствари и 12 скока за одличен дабл-дабл учинок. Тодор Гечевски уфрли 14 поени, а Александар Костоски постигна 13 поени. Шансите за пласман понатаму се минимлани за македонскиот шампион, па сега му останува на МЗТ да се бори за што подобар пласман во Јадранската лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top