| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на „Гугл“ ѝ порача на С. Кореја: Поврзете се со светот преку интернет за да не ве прегази времето

Директорот на „Гугл“, Ерик Шмит, при посетата на Северна Кореја им порача на властите во Пјонгјанг дека земјата мора да излезе од присилната изолациjа, а тоа ќе се случи ако властите дозволат народот да користи интернет. Во спротивно, времето ќе ве прегази, рече Шмит

– Додека планетата секојдневно сè повеќе се поврзува, одлуката на Северна Кореја да остане виртуелно изолирана ќе ја погоди само неа и нејзиниот економски пораст – рекол директорот на „Гугл“.

Ерик Шмит е во посета на најзатворената земја во светот, заедно со поранешниот американски дипломат Бил Ричардсон.

Американскиот Стејт департмент минатата недела оцени дека посетата на Шмит и на Ричардсон на Северна Кореја не е во најпогоден момент и дека тие не носат никаква порака од американската влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top