| четврток, 6 декември 2018 |

Собраниска седница која конкурира за Гинисовата книга на рекорди

На утрешната 77-ма седница во Собранието на РМ на дневен ред се наоѓаат 125 точки. И ова се случува во македонското собрание.

Наџи Џелили, пратеникот на партијата на Руфи Османи, вели дека само да се чита дневниот ред е премногу напорно.

-Замислете колку време ви треба да го анализирате и да давате професионален заклучок за сите овие закони кои се во собраниска процедура. Ова е една невидена динамика и притисок што му се прави на законодавниот дом, односно пратениците – вели Џелили.

Од друга страна и пратениците со поголемо искуство не паметат ваква седница со толку точки на дневниот ред.

-Досега немало толку многу точки на дневниот ред, односно јас не паметам- изјави за shqip.republika, пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу, а со истото тврдење се согласува и Неџати Јакупи од ДУИ.

Јакупи вели дека во дневниот ред се вметнати дел од предлозите на опозиционите партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top