| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахединот кој пукаше во американската амбасада во Сараево осуден на 15 години затвор

mevlid-jasarevic

Судот во БиХ изрече пресуда од 15 години затвор за Мевлид Јашаревиќ, прогласувајќи го за виновен за казнено дело тероризам извршено со напад врз американската Амбасада во Сараево во 2011 година.

Јашаревиќ тогаш врз Амбасадата испука околу стотина куршуми ранувајќи потешко двајца полицајци.

Максималната казна за таков вид казнено дело во БиХ е 20 години. Судот пресуди пет години помалку имајќи предвид што Јашаревиќ искрено се покајал за извршениот напад. Пресудата е правосилна и ниту една страна не може да се жали, јавуваат босански медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top