
Убавата Барбара има големи планови со Милан, пишуваат италијанските медиуми. Веќе е јасно дека Адриано Галијани ќе замине од клубот, а тоа ќе се случи по крајот на сезоната. Милан во годинешното првенство игра под очекувањата, а потребни се големи кадровски промени.
За таа цел Барбара Берлускони на местото на Галијани го планира легендарниот Паоло Малдини кој ќе има помош од Демитрио Албертини. Договорот со вториот нема лесно да се постигне бидејќи тој е „врзан“ со Италијанскиот фудбалски сојуз.
Сепак, Барбара не планира тука да застане. Таа има намера во клубот да го донесе Клаудио Фенучи кој работи како директор во Рома и кој би требало да го засили Извршниот одбор.
Иако тимот забележува лоши резултати сезонава, сепак раководството на Милан се уште му укажува доверба на Масимилиано Алегри, но на крајот од сезоната голема е веројатноста стратегот да добие отказ.
Како прва негова замена се спомнува Филипо Инзаги кој во моментов е тренер на младиот тим на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим


