| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА го продолжи рокот за гласање за „Златна топка“

Веднаш по завршувањето на бараж-натпреварите за Светското првенство од ФИФА порачаа дека гласањето за добитникот на „Златна топка“ е продолжено до 29 ноември. Сите селектори и капитени кои досега не гласале ќе можат да го направат тоа во следниот период, а оние кои  го направиле тоа ќе можат да ги променат оригиналните гласови.

Малку е чудно што оваа одлука е донесена по пласманот на Португалија и одличната игра на Кристијано Роналдо.

Поединци сметаат дека ФИФА веќе не може да го оспорува квалитетот на Роналдо и престижната награда повторно да му ја даде на Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top