| четврток, 6 декември 2018 |

И Есма е по бингото

Во понеденилкот се одржа првата БИНГО ВЕЧЕР во ресторан „Бела“. Во присуство од над 300 гости, како во старите добри времиња, се гледаше и играше Бинго.

Сите гости кои пристиганаа во ресторанот Бела пред почетокот на извлекувањето, уште на влезот на раскошната сала, беа дочекани од љубезнииот персонал и прекрасните хостеси со подарок уплатена БИНГО БУМ картичка и чаша специјален коктел пијалок БИНГО БУМ. Меѓу гостите беа Есма Реџепова, Драган Вучиќ, претсатвници на Фондацијата Есма и Стево Теодосиевски како и други видни личности од деловниот свет и македонската естрада, а гостинка од Австралија го прослави својот 57ми роденден.

-æ-+-+-¦-+ -æ-â-+ -¦-Ç-â-¦-¦-Ü-¦ -¦-+ -Ç-¦-ü-é-Ç-+-Ç-¦-+ -æ-¦-+-¦

Покрај во убавиот амбиент и добрата забава, гостите уживаа и во гурманските специјалитети подготвени и прекрасно декорирани од врвните мајстори на кујната на ресторан Бела. Атмосферата до очекувањето на почеток на емисијата ја загреваше групата Компас. Преносот на ТВ емисијата на МРТ1 се следеше на големо платно и внимателно се заокружуваа бројчињата на среќните БИНГО БУМ картички. Возбудата растеше со приближувањето на крајот на извлекувањето посебно што во салата двајца од присутните гости имаа по 13, а двајца по 14 погодоци во една комбинација и беа навистина блиску до добивката БИНГО БУМ.

-+-é-¦ -¦-+ -Ç-¦-ü-é-+-Ç-¦-+ -æ-¦-+-¦ -¦-+ -+-Ç-+-¦-¦-Ç-â-¦-¦-¦-é -ü-¦-+-+-é-¦ -æ-+-+-¦-+ -æ-â-+ -¦-+-+-¦-+-+-¦-å-+-+-+

По завршувањето на емисијата на присутните им се придружи екипата на емисијата Време за среќа со сите членови на групата Биоритам на чело со водителите Марјана Станојковска и Виктор Петров – Викса и забавата продолжи, со што покрај добитниците на 13ки и 14ки сите кои заминаа дома ја понесоа со себе најважната добивка – среќните мигови на забава, дружење и добро расположение. Ова беше навистина пример дека понеделниците може да се наменат за среќа, уживање и забава, доколку сте на вистинското место. Следнаата БИНГО ВЕЧЕР ќе се одржи на 9ти декември кога се планираат дополнителни изненадувања за Бинго играчите кои на време ќе се пријават за играње Бинго во ресторанот Бела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top