Тројца разбојници вчера упаднале во куќата 73-годишен маж во Радишани го залепиле за столот и го ограбиле.
Полицијата јавува дека вчера околу 15,30 часот, во Скопје на улица “Радишанска“, три непознати лица влегле во куќата на С.Ќ.(73), по што го врзале со самолеплива лента за стол, го покриле со кебе и му одзеле 16.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.