Влезниците за концертот на македонскиот легендарен рок состав Архангел и официјално од утре, четврток (21.11.2013 година), ќе бидат пуштени во продажба. Цените на влезниците ќе бидат:
- Партер – 500 денари,
- Трибина – 700,
- Последни три реда – 600,
- ВИП Трибина – 1000,
- Фан пит – 700 денари и
- Вип резервација со маса – 4000 денари.
Истите можете да ги најдете во Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор, во продажната мрежа на „Купи карти за се“ и „мк тикет“с како и на неколку локални места во државата.
Концертот на Архангел ќе биде поинаков од се што досега праваше овој македонски рок состав. Освен потсетувањето на безвременските хитови, Архангел на 20 декември, на сцената во „Борис Трајковски“ ќе бидат придружувани и од оркестарот на Македонската Филхармонија, со повеќе од 60 луѓе на сцена.
Мотото на овогодинешниот концерт е Љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


