Топли краишта на светот секогаш постојат, а на едно од нив се најде и Тамара Тодевска. Додека во Македонија секој ден е сѐ постудено, пејачката заедно со своите пријатели избега на краток одмор на плажа.
– Кој рече дека во ноември нема море – напиша Тамара на Инстаграм
Пејачката е во друштво на својот пријател, верен соработник и стилист, Арменд Рамадани.
Неодамна Тамара го освои второто место на „Скопски фестивал“ со моќната балада „Тешко без тебе“. За неколку дена таа ќе настапи на ревијалниот фестивал за најслушаните песни на радио МАРС 2013. Нејзнината „Само сакам да“ се најде помеѓу 15 најслушани македонски песни оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.