| четврток, 6 декември 2018 |

Во авионски тоалет во Индија пронајдени 24 златни прачки

Чистејќи патнички авион на „Џет ервејс„  паркиран на на аеродромот во Калкута, хигиеничари во тоалетот на леталото пронашле 24 златни прачки, вредни повеќе од еден милион долари, соопштија денеска индиските власти.

Авионот пристигнал од Патна, град во источна Индија, додека претходно летал на меѓународни дестинации.

-Хигиеничарите вршеле рутиснко чистење на авионот, кога во тоалетот пронашле две торби. Никој досега не се јавил дека е сопственик на златните прачки, кои се тешки еден килограм, а исто така никој се уште не е уапсен – изјави директорот на аеродромот во Калкута.

Индија, која заедно со Кина е најголем светски потрошувач на злато, во последно време забележа раст на шверцот на тој метал, како последица на тројното зголемување на увозните царини од почетокот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top