| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена снимка од падот на рускиот авион (вознемирувачко видео!)

Боингот 737 што се урна во Казан, централна Русија, при што загинаа сите 50 луѓе во него, почнал нагло да паѓа откако загубил брзина на мала висина, изјавил рускиот Меѓудржавен авијациски комитет, наведувајќи ги прелиминарните податоци од една од црните кутии на авионот. Раша тудеј ја објави аеродоромската снимка од падот на авионот.

Според истражителите, авионот се урнал при брзина од над 450 километри на час, околу 20 секунди откако пилотите пријавиле дека ќе свртат втор круг, што е познато по техничката кратенка ТОГА (полетај/заобиколи – Take Off/Go Around).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top