Детроит, по прв пат од 2011 година успеа да го победи Њујорк со резултат 92-86, а најзаслужен за победата на Детроит беше резервата Родни Стаки кој постигна 21 поен.
Мајами ја победи Атланта со 104-88, а ова беше и најдобриот одигран меч на Перо Антиќ. Тој со 12 поени, заедно со Ал Хрофорд беше втор стрелец во тимот. Мајами до четвртата победа во низа го предводеше Крис Бош со 19 поени.
Минесота изгуби на гости во Вашингтон со 104-100. Џон Вол со 14 поени и 16 асистенции беше најдобриот играч на Вашингтон, додека најефикасен кај Визардси беше Бредли Бил со 25 поени. Кевин Лов оствари „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 11 скокови за Минесота.
Хјустон го победи Бостон со 109-85, во натпревар во кој победникот имаше шестмина играчи кои постигнаа двоцифрен број на поени. Теренс Џонс со 24 поени го предводеше Хјустон, додека Кортни Ли кај Бостон постигна 17 поени.
ДеМаркус Кузан постигна 27 поени, на кои придодаде 12 скокови, во победата на Сакраменто над Феникс од 107-104.
Резултати:
Вашингтон – Минесота 104:100
Детроит – Њујорк 92:86
Хјустон – Бостон 109:85
Сакраменто – Феникс 107:104
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.