Мајами наскоро ќе добие фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во американската МЛС лига. А сопственици ќе бидат двете спортски ѕвезди Леброн Џејмс и Дејвид Бекам.
Англичанецот уште во пролетта дојде до оваа идеја, а сега го најде идеалниот партнер чија популарност би била одличен начин за промоција на клубот.
– Има интерес од двете страни за тоа. Дејвид во изминатите години ми стана многу добар пријател. За Мајами би било одлично да добие и фудбалски клуб. Ова е одличен град за фудбал, има доста луѓе кои го сакаат тој спорт – рече Џејмс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.