Со скандирања, славење и среќа Албанците во Тетово го пречекаа косовскиот политичар Рамуш Харадинај, кој стана почесен граѓанин на Тетово.
-Тука се чувствувам како да сум онаму каде што сум роден. Тетово е нашата историја и одлично е да се оди напред не само кога е лесно и кога се живее мирно. Оваа почит не е само за денес, туку и за во иднина. Ветувам нема да ве посрамам – изјави Харадинај во Тетово.
Се огласи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Вели нема зборови со кои би го опишал ликот на косовскиот политичар.
-Нема зборови со кои може да се опише ликот на Харадинај. Овие собраните се ваши браќа и со нетрпение ве очекуваа да бидете со нив. Се сеќавам кога во 2008 година сите се откажаа од Тетово, Харадинај беше со нас- вели Тачи.
Иако се очекуваше обид од страна на Македонците да се прекине одликувањето, тоа не се случи. Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, изјави дека ќе му биде доделено одликување, титула почесен граѓанин на Тетово на командантот што ја напаѓаше Македонија.
Инаку Харадинај беше пречекан од страна на Тачи во седиштето на ДПА во Тетово, а оттаму замина да се поклони на гробот на Арбен Џафери, по што отиде во Општина Тетово, каде што беше пречекан од стотина граѓани кои скандираа носејќи знамиња на Косово. На бината беше пречекан од албанскиот театар кој го поздрави нивниот херој. Одликувањето беше доделено во општинската зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.