| четврток, 6 декември 2018 |

Грција втор пат по ред оди на светско преку бараж

mitroglu

Во првиот завршен натпревар од бараж средбите Грција со нерешен резултат 1-1 во Букурешт против селекцијата на Романија успеа да се пласира на светското првенство во фудбал што ќе се игра следната година во Бразил. Во првиот меч во Атина нашиот јужен сосед убедливо ја совлада романската репрезентација со 3-1.
Уште во првиот дел на натпеварот најдобриот грчки играч Митроглу ги доведе гостите во водство од 1-0 во 23 минута. Тоа беше трет гол во бараж средбите за овој грчки репрезентативец. Во вториот дел романците успеаа да израмнат со помош на грчкиот одбрамбен играч Торосидис. Сепак романците до крајот на мечот не успеаа да дадат уште два гола како би се надевале на пласман на светското првенство.
Ова е втор бараж двомеч кој Грција го добива и учествува на светско првенство по ред. За пласман за светското првенство ја елиминираа Украина на ист начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top