Играчот на НБА тимот ЛА Лејкерс Коби Брајант е се поблиску до враќање на паркетот. Тој доби зелено светло од докторите на тимот и сега останува самиот играч да одлучи кога ќе се врати на паркетот.
Брајант отсуствува од терените од Април кога ја скина ахиловата тетива. По оваа повреда мораше да го оперира и коленото.
Кошаркарот не брза со враќање на терените и тоа најверојатно ќе се случи во почетокот на декември. Коби веќе неколку недели тренира со првиот тим на Лејкерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


