| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“

Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“ во Копенхаген, ова го објави РТЦГ.

Поп-пејачот Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на „Евровизија“, која ќе се одржи наредната година во Данска.

Четковиќ им рече на новинарите дека очекува добар пласман во Копенхаген и додаде дека песната што ќе ја пее, ќе биде љубовна.

– Песната ќе биде квалитетна, а се надеваме и на влез во финале, што за мене е добар пласман – рече Четковиќ.

Пејачот рече дека песната засега е само во контури, а дека сценскиот настап ќе биде едноставен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top