Калиопи пред четири дена ги откажа концертите во Загреб и во Скопје и ја прекина својата балканска турнеја поради проблеми со бубрезите.
Од нејзиниот тим велат дека на инсистирање и во организација на поранешенниот сопруг и татко на нејзиниот син, Ромео Грил, Калиопи беше оперирана во Швајцарија и со метода ESWL успешно ѝ бил разбиен бубрежниот камен.
Без оглед на нејзините постоперативни болки, таа сѐ уште жали поради одложените концерти и неможноста да им се оддолжи со песна на своите фанови, кои овие денови ја опсипаа со зборови на поддршка за успешно и брзо закрепнување. Според урологот, Калиопи утре може да ја напушти болницата и да оди на закрепнување во кругот на своите најмили – велат од тимот на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.