Големата доминација на Баерн Минхен и на Борусија Дортмунд ја „убиваат“ неизвесноста во натпреварувањето.
Според него, секоја година е јасно кои екипи ќе бидат во трка за шампионската титула, а не верува дека ситуацијата ќе се промени во наредните години.
„Баерн и Борусија секојдневно се засилуваат. Играат постојано во Лигата на шампионите, заработуваат многу пари и во можност се да доведат одлични играчи, за разлика од конкуренцијата. Единственото решение е да ги исфрлиме и лигата да ја направиме поинтересна“, вели Магат за „Билд“.
Стратегот со фудбалскиот клуб на Волфсбург ја освои „салатарата“ во 2009 година, меѓутоа сега не гледа можност некој во блиска иднина да го загрози водечкиот тандем.
„Мислам дека и во следните сезони борбата за титулата ќе се сведува на трка меѓу Баерн и Борусија. Тоа никако не е добро за Бундес-лигата и за германскиот фудбал. Баер Леверкузен, Шалке и останатите екипи се далеку зад нив“, додава Магат.
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд в сабота го играат дерби-натпреварот на Бундес-лигата, а пресметката на „Сигнал Идуна Парк“ почнува во 18.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен
-
Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани