| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре автомобил на црногорската опозиција

goran-danilovic-Автомобилот на потпретседателот на партијата Нова српска демократија и еден од лидерите на црногорскиот опозициски Демократски фронт, Горан Даниловиќ, бил запален синоќа во Подгорица. Неговата „мазда“ изгорела на паркинг-простор пред зградата каде што живее Даниловиќ . Тој го објасни овој чин како испраќање порака до опозицијата во Црна Гора.

– Не знам зошто и на кого му е виновен автомобилот и тоа по изборите, но продолжуваме натаму. И ова еден ден ќе биде минато – порача тој на својот профил на „Фејсбук“.

Во саботата во три црногорски општини се одржаа локални избори, на кои победи владејачката Демократска партија на социјалистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top