Приватни фирми им продаваат на земјите во развој шпионска опрема и технологии за масовно следење информации, ветувајќи им дека со нивна помош ќе им се овозможи пристап до милиони електронски пошти и телефонски разговори, покажуваат објавените материјали од т.н. Индекс на индустријата за набљудување, чии делови пренесува весникот „Гардијан“.
Во Индексот се наведува дека фирми од Велика Британија, Германија, Израел, САД и Франција на земји од Азија, Африка и од Блискиот Исток им нудат технологии, кои обично се поврзани со институции како американската Агенција за национална безбедност (НСА) и британската Владина централа за комуникации.
Постоењето на овој пазар претставува опасност за борците за човекови права и министрите, кои се обидуваат да воведат нови правила за продажбите на ваква опрема, произведена во Велика Британија, оценува „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.