| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома го победи Денвер со повеќе од половина поени на Дурант и на Вестбрук

Оклахома Сити победи со 115:113 благодарение на Кевин Дурант и на Расел Вестбрук, кои заедно постигнаа 68 поени на ноќешниот дуел против Денвер

 

oklahoma-500

Оклахома Сити одигра ефикасни први две четвртини со постигнати 63 поени, но малку недостигаше Денвер да направи пресврт откако последниот период го доби со 32:21.

Дурант дуелот го заврши со 38 поени, а Вестбрук со 30.

На другите дуели од НБА-лигата одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати: Бруклин – Портланд 98:108, Чикаго – Шарлот 86:81, Далас – Филаделфија 97:94, Јута – Голден Стејт 87:98 и Лос Анџелес Клиперс – Мемфис 102:106.

Вечерва Атланта на нашиот Перо Антиќ гостува кај шампионот Мајмаи, а покрај овој натпревар се играат уште дуелите: Вашингтон – Минесота, Детроит – Њујорк, Хјустон – Бостон и Сакраменто – Феникс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top