| четврток, 6 декември 2018 |

„Сенка на векот“ – нова книга од Раде Силјан

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат поетската книга „Сенка на векот“ од современиот македонски поет и литературен критичар Раде Силјан. Во неговата тринаесетта стихозбирка се застапени шеесет и две песни поделени во пет циклуси, кои значат неразделна целина.

Раде Силјан е добитник на најзначајните книжевни награди во Република Македонија, а во 2010 година му беше доделена државната награда „11 Октомври“ за животно дело. За неговите книги објавени на романски, италијански и унгарски јазик, награден е со меѓународни признанија, и тоа: „Архесис“, (Букурешт), „Михај Еминеску“ (Крајова ), „Поет на спокојот“( Трст ) и „Геза Гардоњи“ (Будимпешта ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top