Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски и неговата сопруга, Бугарката Ромина Андонова, го очекуваат нивното второ дете, пренесуваат бугарските медиуми.
Добитничката на титулата „Мис Бугарија 2010“ се породи минатата година во август со нивната ќеркичка Дарија.
Среќното семејство е во Израел, а Ромина е во петтиот месец од бременоста, па вториот наследник на Тасевски првпат ќе заплаче идната пролет. Задоволна од првото искуство, Ромина реши повторно да се породи во Израел.
Засега не е познат полот на бебето, но блиски извори на славното семејство за бугарски „Блиц“ споделија дека Дарко и Ромина сонуваат за син, кој ќе го наследи својот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.