| четврток, 6 декември 2018 |

Турција не пушта екстремисти преку граница

keri davutogluТурскиот шеф на дипломатијата, Ахмет Давутоглу, изјави дека неговата земја не им дозволува на екстремисти да ја минуваат границата за да одат во Сирија. Од Вашингтон, Давутоглу порача дека Турција нема да толерира екстремистички групи да ја преминуваат нејзината граница, демантирајќи ги тврдењата на весникот „Вашингтон пост“ дека Анкара ги затвора очите пред напливот од радикални елементи, кои минуваат преку Турција за да им се придружат на силите кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
– Анкара ги повикува западните сојузници да ѝ дадат разузнавачка информација за наводните екстремисти за да можат турските власти да ги спречат да влезат на територија на државата, која секоја година е посетувана од околу 34 милиони туристи – истакна шефот на турската дипломатија, кој вчера во Вашингтон разговараше со американскиот министер за одбрана, Чак Хејгел, и државниот секретар Џон Кери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top