| четврток, 6 декември 2018 |

Тејлор Свифт прогласена за најголема поп ѕвезда

Магазинот „Њујорк Тајмс“ во новиот број, пејачката Тејлор Свифт ја прогласи за најголема поп ѕвезда во светот.

Тејлор изјави дека за овој успех најзаслужни се нејзините сурови емоции, кои и помагаат во пишувањето текстови за нејзините хитови.

– Критичарите можат да зборуваат за мене што сакаат, но јас ако почуствувам емоции кон некоја личност, јас тие морам да ги пренесам со песна. Не ми е важно што тие зборуваат дека јас цело време сум осамена, едноставно тоа е мојот рецепт за успех – рече пејачката.

Меѓутоа Свифт рече дека единствената врска која ја интересира е онаа со фановите, бидејќи знае дека тие нема никогаш да ја напуштат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top