| четврток, 6 декември 2018 |

Таксистите кои ќе земаат патници на автобуски станици ќе останат без лиценца

taksi

Таксистите ќе можат да земаат и оставаат патници само на такси станици, но не и на автобуски. Ако таксистот два пати биде фатен како остава или зема патници на места обележани за автобуси, може да остане без лиценца за работа.

Оваа новина е предвидена со измените на Законот за превоз во патниот сообраќај кои вчера го поминаа првото читање во собраниската комисија за транспорт и врски и екологија.

Новите измени на законот предивидуваат и категоризација на автобусите кои вршат јавен превоз со што ќе им се намалат патните такси на оние кои исполнуваат еко стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top