| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа ерата на летечки автомобили?

FLYING CAR 04Една од првите американски жени-пилоти и професорка по аеронаутика и астронаутика на Универзитетот во Масечусетс, Мери Камингс, изјави дека во иднината секој пред својата куќа ќе има возило што ќе претставува комбинација на автомобил и авион. Kако што објаснила Камингс, тоа ќе биде беспилотно летало за какво што обичните луѓе, во моментов, не можат ниту да сонуваат.

– Повеќето луѓе не разбираат дека и сега, кога патуваат со обичен, комерцијален авион, речиси целосно ги превезува автоматизирано летало со кое не управува човек – потсетила таа.

Автоматските летала, според неа, се вистинското решение бидејќи луѓето се лоши возачи особено во критичните моменти кога треба да се решава за животот или смртта.

– Не постојат вистински технолошки пречки за реализирање на оваа идеја – заклучила таа.

Дека нејзините

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top