Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, локално ќе има кратки сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат врнежите доцна попладне и во ноќните часови, а особено повеќе ќе бидат изразени во источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет. Температурата нема значајно да се менува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.