| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија демантира, нема контакти со Израел

12082765-planet-earth-middle-east-crisis-with-political-issues-of-the-persian-gulf-and-crude-oil-with-countriСаудиска Арабија официјално соопшти дека не одржува какви било контакти со Израел по пишувањата во медиумите дека двете земји, кои немаат дипломатски односи, ги усогласуваат напорите против иранската нуклеарна закана.
– Саудиска Арабија не одржуба со Израел какви било односи или контакти од какво и да е ниво, изјави портпаролот на саудиското МНР.
Изјавата е дадена во одговор на вчерашниот напис во британскиот весник „Сандеј тајмс“ со наслов „Двајцата поранешни непријатели се обединуваат против Техеран“.
Израел и Саудиска Арабија разработуваат заеднички кризен план, насочен против Иран што хипотетички предвидува напади врз негови нуклеарни и енергетски објекти, објави денеска британскиот весник „Сандеј тајмс“. Воена операција може да има, во случај претстојните преговори во Женева да завршат со договор, кој според Израел и Саудиска Арабија не би ја ограничувал во доволен степен дејноста на Иран во областа на нуклеарната технологија, пишува весникот.
– Владите на Израел и Саудиска Арабија се убедени дека меѓународните преговори за нуклеарната програма на Иран не можат суштински да го забават создавањето нуклеарни боеви глави од Техеран, додава „Сандеј тајмс“. Според се, се чини дека Ријад веќе го убедил Израел негови авиони да прелетуваат преку воздушниот простор на Саудиска Арабија при евентуален напад врз Иран, се додава во написот.
– Веднаш штом ќе биде потпишан Женевскиот договор, на дневен ред неодложно ќе биде вооружена операција. Саудиска Арабија е надвор од себе, и е подготвена да му достави на Израел неопходна помош, изјавил, според „Сандеј тајмс“, висок дипломат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top