САД одлучија да ги остават уште една година во Турција американските ракетни системи „Патриот“ за заштита на турската територија од можна закана од соседна Сирија, каде се уште трае граѓанска војна, соопшти денеска американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.
Хејгел одлуката ја пренесе на турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу, со кој се сретна во Вашингтон, соопшти портпаролот на Пентагон Карл Вуг.
Во пограничните делови на Турција во јануари годинава беа распоредени шест батерии од противракетниот систем „Патриот“, од САД, Германија и Холандија, под заедничка команда на НАТО.
Пентагон, во соопштението, наведува дека одлуката е донесена на барање на Анкара, како и дека има исклучително одбранбен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.