Палестинците денеска првпат гласаа во Генералното собрание на Обединетите нации, што се оценува како уште еден чекор на патот кон целосно признавање во ОН.
Поголемиот број на претставници на 193 земји-членки на ГС станаа и аплаудираа кога палестинскиот амбасадор Ријад Мансур гласаше за еден од судиите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.
Палестинските територии стекнаа статус на набљудувач во ГС на 29 ноември минатата година. Палестинските територии не можат да гласаат за резолуциите на ОН, но како и другите набљудувачи, меѓу кои и Ватикан, има право на глас за избор на судии во меѓународните судови.
– Денешното гласње е посебен момент во историјата на борбата на Палестинците во ОН и реакциите на претставниците од другите нации укажуваат дека и тие ја сакаат Палестина во ОН, истакна палестинскиот амбасадор Мансур.
Заменикот на израелскиот амбасадор во ОН, Давид Роет истакна дека неговата земја останува на ставот дека Палестинските територии не се држава и не ги задоволуваат критериумите на државност и денешното гласање ништо не менува.
Израел и САД силно лобираат против признавањето на Палестина во ОН, со аргумент дека независна држава може да настане само од директни билатерални преговори меѓу Израелците и Палестинците.
Палестинците се примнени и во Агенцијата на ОН за култура (УНЕСКО).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Израелски војници убиле 52 Палестинци, повеќе од 2.400 ранети (видео)
-
Ердоган: Светските сили да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина
-
Иванов:Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие
-
ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата