Непознати сторители фрлиле свински копита во џамија недалеку од Стокхолм и при таа прилика го скршиле стаклото на влезната врата во џамијата.
-Нешто пред 11 часот, не повика личност која само што влегла во џамијата и затекнала свински копита среде џамијата- рече полицискиот службеник Улф Линдгрен.
Според неговите зборови, полицијата постапката ја окарактеризирала како „вандалски чин“. Осомничените побегнале, а за потенцијални сведоци се трага.
-Во Шведска, свинско место традиционално се јаде околу Божиќ, и лесно може да се најдат свински нозе, но кај муслиманите, свинското месо се смета за нечисто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.