| четврток, 6 декември 2018 |

Помошта дојде на Филипините

филипиниАмериканската влада најави дополнителна помош од 10 милиони долари, со што вкупно досега одвои 37 милиони. Хуманитарната помош почна да пристигнува во најтешко достапните области на централниот дел на Филипините што беше опустошен од тајфунот Хаијан. Хеликоптери на американската армија доставија храна, вода и други намирници до селаните на островот Лејти и други зафрлени, тешко погодени места.  Носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“ служи како база на хеликоптерската мисија, пренесе Глас на Америка.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните операции соопшти дека хуманитарните работници прават огромни напори да допрат до што е можно поголем број погодени лица.  На брифинг во Манила, портпаролката Орла Фаган рече дека на 10 до 12 милиони луѓе им е потребна помош откако Хаијан ги погоди Филипините на 8-ми ноември.  Според ОН, спасувачките операции ги отежнува разрушената инфраструктура, прекините на електрична енергија, слаба комуникациска мрежа и непроодните предели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top