| четврток, 6 декември 2018 |

Подари фабрика на работниците- ама во долгови

marjan-drvo-rab-09Пред една година тој беше прогласен за најголем херој во регионот, бидејќи најави дека на своите вработени им ја подарува целата фабрика, но денес, судбината на „среќните работници“ е многу подалеку од среќна.

Пред околу една година, во регионот со брзина на светлината се прошири веста за Маријан Филиповиќ, хрватски тајкун со потекло од Травник, кој своето деловно царство одлучил да им го подари на вработените. Станува збор за компанијата “Finvest Corp” од Чабар, која на своите 400 вработени со години им носела егзистенција за нивните семејства, меѓутоа во изминатите 365 дена нештата се промениле.marjan-drvo-rab-02

Само како потсетување, Филиповиќ бил прогласен за херој, но набрзо биле објавени и не толку среќни факти за неговата фирма, па така, бизнисот кој “им го подарил” на своите вработени всушност бил во големи проблеми, со долгови, односно се соочувал со затворање и отпуштање на работниците.

Од подарувањето на стекнатите имоти во својот крај, односно оставањето на Фондацијата која ја основал пред десетина години, орочувајќи милион евра за чабарските студенти, тој не се откажал, правејќи јавен тестамент кој ја содржи оваа негова желба. marjan-drvo-rab-04

Филиповиќ навел дека со оглед на проблемите во набавката на суровините, се намалил и обемот на производство, со што е намалена и потребата за толку вработени во производството, но тој ги негирал најавите дека ќе бидат отпуштени уште стотина работници: “Не, бројката сигурно нема да биде толку голема. Можеби ќе бидат отпуштени уште 20 луѓе. Тоа сигурно нема да се однесува само на жените. Тие се способни, чесни и вредни вработени, а во голем дел од случаите се и поспособни и повредни од мажите”, изјавил Филиповиќ.marjan-drvo-rab-06

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top