Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро заплени 400 килограми марихaуна во камион кој се движел на патниот правец Ѓирокастро-Субаш .
Камионот бил натоварен од селото Лазарат и веднаш по излегувањето од селото бил следен од полицијата. Дрогата била скриена меѓу канти со маслинки. Уапсен е возачот Луан Тахирај, 34 годишен од Валона. Ова е последователна успешна акција на албанската полиција во спречувањето на шверц со дрога.
Вчера во областа Карабурум кај Валона заплени 841 додека претходно исто така кај Валона 200 килограми марихуана. И двете пратки требало да заминат за Италија. Само последните неколку дена во повќе случаи албанската полиција има запленето околу 1,3 тони марихауна, наменети за италијанскиот и грчкиот пазар.
Во саботата и неделата, за неполни дваесет и четири часа грчката и италијанската полиција запленија 2,4 тони албанска марихауна, грчката полиција 1,4 тони додека италијанската тон марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


