| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ќе треба да одговори зошто не му дава азил на Сноуден

Angela Merkel with phoneГерманската канцеларка Ангела Меркел прими пошта од човекот чии откритија доведоа до аферата со шпионирање од страна на американската тајна служба НСА. За ова денеска се одржува вонредна седница на Бундестагот, објави Дојче веле.

Ангела Меркел може да биде сигурна дека многумина од пратениците на вонредната седница на Бундестагот ќе и‘ постават непријатни прашања. На пример, зошто не е подготвена да му даде азил на Едвард Сноуден во Германија. Или, зошто толку долго ја потценуваше аферата околу големите размери на следењето на електронските комуникации и интернетот од страна на Националната агенција за безбедност на САД.

Канцеларката реагираше налутено дури откако се дозна дека бил прислушуван и нејзиниот мобилен телефон. Начинот на кој сето тоа функционирало Меркел може да го дознае од Сноуден.

„Би ме радувал разговор со Вас во Вашата земја“, напиша Едвард Сноуден во писмото испратено до три личности: Ангела Меркел, претседателот на Бундестагот, Норберт Ламерт и сојузниот генерален обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top